WI-FI управување

Поголемиот дел од клима уредите Cooper&Hunter се со вградена WI-FI контрола за далечинско управување со клима уредот преку мобилен телефон, локално и преку Интернет. Скенирајте го QR кодот за да ја симнете апликацијата EWPE Smart на мобилниот телефон и следете ги упатствата на апликацијата за подесување.